Кор политика на фер другарување

From Kor Runners
Jump to navigation Jump to search


Во клубот не постојат строги правила кои што го ограничуваат секој член бидејќи членството доаѓа од идејата за искрено пријателство кои што го создава овој клуб.

Основни создадени правила прифатени од сите членови се:

  1. - Секој член е должен на искрена почит помеѓу сите останати членови и задржување на тимскиот дух на највисоко ниво,
  2. - Клубот не ограничува индивидуални тренинзи на членовите кои што се надвор од тимските тренинзи,
  3. - Меѓусебната соработка и дружење со останати клубови се секогаш добродојдени и на највисоко ниво поддржани,
  4. - Клубот не поддржува никакви политички активности,
  5. - Заедничките тренинзи не се задолжителни и сите тренинзи се спонтано организирани,
  6. - Сите активности на клубот се транспарентни и заедничките разменувања искуства за напредок на резултатите на членовите се секогаш приоритет,
  7. - Сите членови по своја волја се дел од организација во случај кога клубот ќе учествува на евенти во државата и надвор од неа,
  8. - Секој член има право на свој глас и може да учествува во секоја заедничка одлука - сите предлози се прифаќаат доколку се сложи мнозинството,
  9. - Секој член има право да настапува под друго компаниско / спонзорирано име доколку поради одредена лична причина тој е приморан да го направи тоа,
  10. - Добродојдени се сите кои ќе пројават интерес да се приклучат во клубот доколку се обврзуваат да го задржат тимскиот дух на највисоко ниво и ќе ја почитуваат идејата на клубот,
  11. - Сите активности и членство на клубот се бесплатни,
  12. - Покрај трчањето, клубот поддржува секаков друг вид на спортски активности и задржување на здравиот дух,
  13. - Спонтани спортски активности, договарања за заеднички дружења и Спортски евенти се основа на клубот,
  14. - Клубот излегува во пресрет на секој оној кој сака да напредува и достигнува одлични резултати во трчањето, со тренинзи, совети, предлози, препораки